ВИДЕО Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче Петров среде седница је пееја химната за притворените, градоначалникот пееше со нив

by Биљана Јовановска 0

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Ѓорче Петров ја прекинаа седницата на Советот и во знак на солидарост со притворените за упадот во Собранието, ја испеаја химната. Во пеењето им се придружија останатите советници од СДСМ, како и градоначалникот, Александар Наумовски.

Советничката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска, ги нарече уставо-бранители осомничените за тероризам и загрозување на уставниот поредок, кои, според неа, се неправедно притворени.

-Има други луѓе кои го прекршија уставот, а ги водат институциите. На овој начин сакаме да изразиме солдарност со уставо-бранителите и да извршиме „терористички акт“ пеејќи ја химната – рече Андоновска.

Потоа советниците од оваа партија демонстративно ја напуштија седницата, а најавија дека нема да присуствуваат ниту на следните седници.

Close
Please support the site
Кликни на било кој од предлозиве и ќе се тргнат :)