Кривични пријави добија раководители на МЕПСО и ФЕНИ

by Биљана Јовановска 0

Финансовата полиција поднесе кривични пријави во одделни случаи за злоупотреба на службена положба против директори на Фени, неколку одговорни лица во МЕПСО, директорката на Дебарски бањи – Цапа и поранешната директорката на Агенцијата за филм.

На денешната прес-конференција директорот на Финасовата полиција Арафат Муареми информира дека е поднесена кривична пријава против поранешната директорка на Агенцијата за филм М.Ѓ.И. која се товари дека во периодот од 26 октомври 2016 до 18 септември 2017 година со пречекорување на своето службено овластување склучила анекс договор со кој извршила промена на условите на основниот Договор за финансирање на играната серија „Македонија“ во износ од 283.000.000 денарi.

Притоа, таа го намалила бројот на епизоди од 130 на 80, без да изврши намалување на цената, со што ја зголемила вредноста на проектот за 62 проценти, односно за 109.000.000 денари во корист на В.Г. државјанин на Република Хрватска и Друштвото за филмска и видеопродукција Јадран филм ДООЕЛ Скопје.

Кривична пријава, како што соопшти Муаерми, е поднесена и против С.В. поранешниот директор за финансиски работи во Дирекцијата на МЕПСО и член на УО и Н.Ј. поранешен генерален директор во својство на одговорни лица во АД МЕПСО – Скопје. Управата констатирала дека од ноември 2016 година до август 2017 пријавените со неизвршување на својата службена должност ја одолговлекувале постапката и не презеле никакви дејствија за наплата на побарување за испорачана електрична енергија од страна на АД МЕПСО на ЕНГ Сервис Траде ДОО Скопје.

Управата поднесе кривична пријава и против А.Р. главниот извршен директор на Дебарски Бањи – Цапа кој се сомничи за даночно затајување. Пријавениот во периодот од 1 јануари 2012 до 31 декември 2016 година со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за пријавениот правен субјект остварените приходи од угостителски углуси во износ од 539.695.226 денари спротивно на законските прописи неосновано ги прикажала како здравствени услуги, без да поседува дозвола за вршење здравствени услуги и во задолжителната пријава за ДДВ.

Кривична пројава поднесена е и против извршниот директор на Друштвото за ископ на руди, производство на метали, трговија и услуги Фени Индустри АД Кавадарци Ј.М. кој во својство на главен извршен директор ја злоупотребил службената положба и овластување на начин што донел одлука за отпис на „незастарени“ побарувања на Фени Индустри која е со невистинита содржина, спрема правно лице со капитална поврзаност „Cunico marketing fze“ од Обединетите Арапски Емирати – Дубаи со цел да овозможи противправна имотна корист за споменатото правно лице со што предизвикал штета на Фени во вкупна вредност 51.505.526 американски долари.

Close
Please support the site
Кликни на било кој од предлозиве и ќе се тргнат :)