КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: ЦИА

by Биљана Јовановска 0

Портпаролот на владата изјави дека појма немале дека во ДИК за 18 месеци земале 30 плати. Не треба да се види дали само за 18 месеци земале 30 плати туку откако се поставени на таа функција видете колку пари имаат земено.

Кога јас држев пресови дека оној тосумон Чичаковски енд компани. после секои избори делат по 20.000-тина илјади евра веројатно малкумина поверуваа. Сега бидејќи тоа Бејли го зборува, неговите информации мора да се точни. Замислете и управа за приходи појма немала. Како тоа нема појма? Секоја исплата оди преку трезорската сметка и секојдневно таа се контролира. За ова треба да сноси одговорност и директорот на УЈП, како може да дозволи една државна институција за 18 месеци земе 30 плати, без да реагира и да започне со соодветни институционални постапки. Тоа само покажува колку Американците ни се навлезени во нашите институции со свои шпиони, а и не контролираат и преку технологијата, поточно преку софтверските решенија донирани од УСАИД.

Кога тоа ДИК се „утепа“ од работа? За што ги поделија парите? Ако се сеќавате два пати минатата година одложувавме избори, во април и во јуни, затоа што тие не беа подготвени за избори, нели? Списокот не им беше прочистен. За неподготвеност се зема ли пари? Отидете утре кај 12 часот во просториите на ДИК и ќе видите дали има некој на работа. Па тие работат само 10-тина дена пред и по избори. Веројатно се претргнуваат од работа во оние 48 часа кога треба да одговараат на поднесените жалби на изборните резултати што е нивна законска обврска. Веројатно тука е влезена и паузата за спиење, во тие 48 часа, што си ја направи буцкото Чичаковски минатата година, кога цела нација го чекаше наводно да се наспие.

Одговорност треба да сноси ДИК, но и УЈП. И министерот за финансии. Овие средства одат на лична трансакциона сметка и нека не кажуваат приказни дека трезорот тоа не го гледал.

Што ќе и се информации на владата кога таа си ја има ЦИА и Бејли. Тие им кажуваат што чини, а што не чини во државата. Кој земал повеќе, а кој треба да врати.

Close
Please support the site
Кликни на било кој од предлозиве и ќе се тргнат :)