Јункер: Задоволен сум од Заев, ова е почеток на прекрасно пријателство

by Биљана Јовановска 0

Задоволен сум од неговата работа и ова е почеток на едно прекрасно пријателство, изјави претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер по денешната средба со премиерот Зоран Заев во Брисел.

Тој истакна дека сака да ја охрабри Македонија да продолжи на патот кој го започнала, при што напредокот кој бил направен во изминатите месеци е извонреден.

-Сакам да кажам дека ние како Европска комисија сме многу посветени на сите земји од Западен Балкан. Сите тие имаат европска перспектива и ние ќе донесеме одлука во наредните осум, девет месеци како да продолжиме со секоја од овие земји, бидејќи постои процес заснован на заслуги, рече Јункер.

Close
Please support the site
Кликни на било кој од предлозиве и ќе се тргнат :)