Груевски: Пратеничка на ВМРО доби притвор зашто се гушнала со сопругот

by Биљана Јовановска 0

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска изјави дека пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, добила притвор само затоа што во собранието се гушнала со својот сопруг.

-Партијата која до пред шест месеци зборуваше и не го вадеше зборот режим од уста сега прави вистински режим. Ова го немало ни во 1949 година. Вакво незаконско постапување кон пратениците, нивно држење со лисици и по 16 часа и одредување притвор за ништо затоа што биле на работното место, затоа што некоја пратеничка се гушнала со сопругот кога влегол во Собранието, кога чул што се случува таму е ништо повеќе туку задушување на опозицијата и демократијата – рече Грувски.

Close
Please support the site
Кликни на било кој од предлозиве и ќе се тргнат :)