ДИК-овци потрошиле 30.000 евра за репрезентација за половина година

by Биљана Јовановска 0

За само половина година лани членовите на Државната изборна комисија потрошиле 30.000 евра за репрезентација, според податоците од Министерство за финансии. Во период од шест месеци во 2016-та година на државна сметка ДИК-овци јаделе и пиеле во локалното бифе, но и во други локали низ земјава.

Платата на членовите на ДИК се движи околу 70.000 денари, настрана бонусите што си ги поделиле како надоместоци за дополнителна работа за време на изборите, а кои се движеле и до пет просечни плати.

Освен тоа членовите на ДИК имаат и право на надоместок за патни трошоци. Ова право најмногу го исползувала Силвана Бонева, која во период од 2015 до 2016 година, како што претходно објавија медиумите, на дневно нивно во просек наплаќала и по 100 евра за патни трошоци.

Close
Please support the site
Кликни на било кој од предлозиве и ќе се тргнат :)