Австралија донесе нов закон: Македонците може да се преселат таму без проблем

by Биљана Јовановска 0

Во месец мај оваа година, Австралиската влада донесе одлука, на своите државјани да им дозволи да можат да го спонзорираат доаѓањето на нивните родители од другите држави во Австралија.

Оваа нова виза, која е воведена, изнесува до 20.000 долари. Спонзорите, односно нивните деца, ги плаќаат сите трошоци за приватно здравствено осигурување.

Исто така, тие се должни да платат за сите дополнителни трошоци, како и за здравствена заштита во текот на престојот на нивните родители во Австралија.

„Трошоците за здравствена заштита, кои треба да ги плати спонзорот, се зголемуваат со годините на луѓето“, вели Алекс Хок, помошник министер за имиграција.

Новите одредби ќе ѝ помогнат на австралиската влада да ги намали трошоците за здравствена заштита кои се во пораст. Ако првата година од применување на законот се пополни квота од 15.000 визи, тоа би значело плус 150 милиони долари.

Носителите на визата немаат право да работат во Австралија, меѓутоа владата има корист, бидејќи пензионерите кои доаѓаат, најчесто ги чуваат внуците и на тој начин се намалува оптовареноста во австралиските градинки.

Сепак, поделени се мислењата околу висината на цената на оваа виза. Се чини дека е прескапа.

Close
Please support the site
Кликни на било кој од предлозиве и ќе се тргнат :)